четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лара Гут-Бехрами го освои кристалниот глобус во супервелеслалом

Лара Гут-Бехрами го освои кристалниот глобус во супервелеслалом

Швајцарката скијачка Лара Гут-Бехрами ја обезбеди титулата во супервелеслалом во рамките на Светскиот куп на скијање по денешната трка во Вал ди Феса, на која го освои второто место, зад победничката Федерика Брињоне од Италија.

Брињоне мина прва низ целта со 59 стотинки пред Гут-Бехрами, а место на подиумот имаше и за уште една швајцарска скијачка, Корин Сутер, кој заостана 72 стотинки зад првопласираната.

За Брињоне, оваа е вкупно 16-та победа во кариерата. На една трка до крајот на сезоната во супервелеслалом, Гут-Бехрами има недостижна предност од 202 бодови пред Брињоне.

Ова е трет мал кристален глобус во супервелеслалом за 20-годишната Гут-Бехрами, која во генералниот пласман во Светскиот куп води со 150 бодови пред Петра Влхова од Словачка.