Лара Гут Бехрами го освои второто злато на Светското првенство во алпско скијање откако по супервелеслаломот славеше и на денешниот велеслалом во италијанскиот ски-центар Кортина Д’ампецо0.
Таа до победата стигна со вкупно време од 2:30.66 минути, што беше за само две стотинки подобро од второпласираната Американка, Микаела Шифрин.
Бронзата и припадна на Катарина Линсбергер од Австрија. Утре на програмата е машката велеслаломска трка.