Швајцарката скијача Лара Гут-Бехрами триумфираше на денешниот спуст од Светскиот куп кој се возеше во италијанскиот зимски центар Вал ди Фаса.
Лара Гут-Бехрами триумфираше со време од 1 23,93 минути и ја забележа петтата сезонска победа или поточно 31. во кариерата.
Рамона Зибенхофер од Австрија заврши како втора со 2 стотинки заостанување, додека третото место и припадна на светската шампионка во спуст, Корина Зутер од Швајцарија која задоцни 26 стотинки зад победничката.
Лара Гут-Бехрами сега е на првото место во генералниот пласман на Светскиот Куп со 1.047 поени пред Петра Влхова од Словачка која е втора со 1018 бода.