среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ласло брутално се запозна со „машината“ Ноле: Ми покажа зошто е најдобар на сите времиња

Ласло брутално се запозна со „машината“ Ноле: Ми покажа зошто е најдобар на сите времиња

Ласло Ѓере беше подобар ривал од Новак Ѓоковиќ цели два сета и беше на еден сет од огромна сензација на Ју-Ес Опен, но повозрасниот Србин не дозволи такво нешто и по осми пат во кариерата се врати од два сета негатива.

Ѓере на брутален начин се запозна со „машината“ Ноле која ги меле противниците во ситуација кога има минус од 2:0 на грен слем турнирите, па откако ги загуби последните три со 6:1, 6:1 и 6:3, можеше само да му подаде рака на подобриот.

Новак се пласираше во осминафиналето и таму противник ќе му биде Борна Гојо, додека Ласло уште некое време ќе ги собира впечатоците од лудиот меч на Флешинг Медоус.

– Знаев дека можам да играм добро и дека можам да се заканам. Сигурен сум дека овој меч ќе ми значи нешто за во иднина, ќе видиме дали ќе биде пресвртница за мене во кариерата.

– Играв добро во последно време, не бев толку лош и во третиот и четвртиот сет, едноставно малку ми падна енергијата, но тешко е да се игра против Ноле. Ми покажа зошто е најдобар на сите времиња.

– Не играв со притисок и кога водев 2:0, едноставно почнав да играм поагресивно и тоа како повеќе да му одговараше на Ноле. Почна да ја менува тактиката и почесто играше бекхенд паралела. Дури во втората половина на петтиот сет го намалив силата во ударите и тоа изгледа беше подобра солуција од силно удирање и напаѓање. Ако играте со отворен гард, тој е убедливо најдобар во светот, – анализираше Ѓере.