четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лауреус наградите за Ферстапен и Томпсон-Хера

Лауреус наградите за Ферстапен и Томпсон-Хера

Актуелниот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен и спринтерска „кралица“ од Јамајка, Илејн Томпсон-Хера се освојувачи на престижната Лауреус награда како најдобри спортисти минатата година.

24-годишниот возач на Ред бул рејсинг, имаше 10 пол-позиции, 10 победи и рекордни 18 подиуми за да ја освои првата светска титула по битката со седумкратниот шампион, Луис Хамилтон. Претходни Ф1 возачи кои ја освоиле оваа награда се Себастијан Фетел и Хамилтон.

„Јас сум првиот Холанѓанец со светска титула и реакцијата во татковината беше прекрасна. Многу ми значи што ја добивам оваа награда, една од најелитните во светот на спортот“, изјави Ферстапен.