петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ледецки го собори светскиот рекорд на 1500 метри

Ледецки го собори светскиот рекорд на 1500 метри

Американската пливачка Кејт Ледецки на Светскиот пливачки куп што се одржува во Торонто постави нов светски рекорд на 1500 метри во 25 метарски базени.

Таа делницата ја мина за 15 минути 8 секунди и 24 стотинки и за 10 секунди го подобри најдоброто постигнување на сите времиња во оваа дисциплина.

Ледецки беше доминантна на патеката и на крајот триумфираше со 40 секунди предност во однос на Бразилката Беатриз Дизоти.

Ледецки во Торонто го собори рекордот на Сара Велброк поставен пред три години.