Трофејниот селектор на ватерполо репрезентацијата на Србија, Дејан Савиќ, поднесе неотповиклива оставка. Тој цели десет години беше предводник на српските ватерполисти период во кој освои буквално се.
„На Дејан Савиќ му посакуваме многу успех во кариерата. Сигурни сме дека нашиот Деки има уште многу да даде на српското ватерполо. Легендо, со среќа“, изјавија од Ватерполо сојузот на Србија.