сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Леклер: Би бил среќен ако Мик Шумахер се пресели во Ферари

Леклер: Би бил среќен ако Мик Шумахер се пресели во Ферари

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер зборуваше за потенцијалниот трансфер на Мик Шумахер во Формула 1.

– Би било одлично ако Мик се пресели во Ферари. Зошто да не? Може да се случи еден ден. Секако, не зависи тоа од мене, но ќе ми биде драго да го натерам да се приклучи на тимот. Мик е одличен возач, се надевам дека ќе го видиме во Формула 1 тимот следната година, изјави Леклер за „Билд“.

Мик Шумахер е син на легендарниот германски возач, седумкратен шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, кој поголемиот дел од својата кариера го помина во Ферари. (МИА)