Леклер од Ферари кој имаше одлична прва сезона во италијанскиот тим, самиот за себе искрено зборува и тврди дека е „далеку“ од освојување на титулата светски шампион, но дека упорно работи на тоа.
Младиот возач од Монако пристигна во Ферари и уште во првата сезона со неклку победи и пол-позиции покажа дека е сериозно добар материјал за во иднина на кој Ферари и тоа како смета.
„Дали размислувам за титула светски шампион? Па не знам што да очекувам, едно знам, мора напорно да работам, долг е патот пред мене. Среќен сум што созревам во тимот, се надевам дека ќе бидам успешен еден ден. На спиење одам и се будам само со една мисла, дека морам само да возам, тоа ми недостига најмногу во моментов. Тренирам повеќе од кога и да било, со цел да бидам подготвен кога ќе почне сезоната“, рече Леклер.