Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, негираше дека новиот мотор на „скудерија“ за трката во Бразил ќе биде тест верзија за сезоната 2020.
Погонскиот систем на Ферари за 2019 година е „жешка тема“ во текот на календарот и Макс Верстапен од Ред Бул потврди претходно овој месец дека италијанскиот тим мами со своите показатели на автомобилот.
– За трката во Интерлагос, ќе користам мотор со истите спецификации што беа пред проблемите што ги имавме во Остин. Нема ништо ново, но тоа може да ни помогне да во квалификациите и натпреварувањето. Брзината ќе биде слична, но ќе добиеме извесна предност, призна пилотот пред тренинзите во Бразил.
После несреќата во Остин, Леклер мораше да се врати на мотор со претходна спецификација, за која се тврди, дека Ферари го компромитирале со перформансите.