понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лина Ѓорческа ќе игра финале во двојки на турнирот во Грција

Лина Ѓорческа ќе игра финале во двојки на турнирот во Грција

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа уште една победа во Ираклион Грција и така обезбеди финале во двојки.

Деа Херџелаш и Ѓорческа триумфираа со 2:0 во сетови против Катерина Хобгарски и Дарја Семенистаја. Ѓорческа и Херџелаш беа убедливи во полуфиналето против првите и вторите носителки.

Доминираа преку целиот меч и на противничките им дозволија да освојат само четири гема, со 6:1 го добија првиот сет и со 6:3 вториот.

Ѓорческа утре ја очекува и полуфинале во сингл конкуренција против Хобгарски која денес беше подобра од Пиа Лoвриќ со 6:3 и 6:4.