Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа дојде до финалето на фјучрсот во Грција, но не успеа да го освои вториот трофеј во Хераклион.
Ѓорческа во мечот за титула се соочи со Екатерина Макарова од Русија, против која загуби со 1-2 во сетови (4-6, 7-5, 5-7).
Макарова беше петта носителка на турнирот, а Ѓорческа осма. Русинката до победата дојде поради еден брејк во последниот сет.
.