сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лина Ѓорческа загуби во финалето на турнирот во Чешка

Лина Ѓорческа загуби во финалето на турнирот во Чешка

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да го освои турнирот во Оломуц, Чешка откако во два сета загуби од домашната тенисерка Сара Бејлек.

Бејлек важеше за сериозна фаворитка во дуелот со Ѓорческа и таквата улога ја оправда.

Чешката тенисерка првиот сет го доби со 6-2, а во вториот се играше тајбрејк кој Бејлек го доби со 7-0.