четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лина Ѓорчевска триумфираше во дубл на ИТФ фјучерсот во Коксејде

Лина Ѓорчевска триумфираше во дубл на ИТФ фјучерсот во Коксејде

Најдобрaта македонска тенисерка Лина Ѓорческа дојде до уште еден голем резултат во конкуренција на двојки и тоа на ИТФ фјучерсот во Коксејде (Белгија).

Ѓорческа во комбинација со Валерија Страхова (Украина) се изборија за триумф во дубл и тоа откако во големото финале беа подобри од првите носителки Валентини Граматикопоулоу (Грција) и Валентина Ивахненко (Русија).

Лина и Валерија одиграа одличен меч во кој противникот го решија во два сета и тоа со идентичен резултат 6-4 и 6-4. За Лина оваа е трета титула во дубл во 2021 година (Коксејде, Телави и Калви). Интересно е тоа што две од овие три славја ги направи токму со Страхова со која претходно беше најдобра во Грузија (Телави) на фјучерсот што се играше за награден фонд од 25.000 американски долари.