понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лина Ѓорческа без загубен сет до финале на турнирот во Хрватска

Лина Ѓорческа без загубен сет до финале на турнирот во Хрватска

Лина Ѓорческа оствари уште една сигурна победа на фјучрсот во Осијек и утре ќе се бори за нов трофеј во 2023 година.

Најдобрата македонска тенисерка денескa остана подолго на теренот, но го доби дуелот со ривалката од Романија, Далина Амареи со 2:0 во сетови.

Ѓорческа го доби првиот сет со 7:5, во вториот беше подобра со 6:4, па по 104 минути на теренот си обезбеди место во утрешното финале пред хрватската публика.

Противничка ќе и биде друга Романка, односно Анка Тодони, која денеска успеа да го совлада домашниот адут Тена Лукас, тенисерка која беше втор носител на турнирот во Осијек.

Турнирот се игра за награден фонд од 25.000 долари.