понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лина Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во Макарска

Лина Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во Макарска

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на Челиџер турнирот што се игра во Макарска, Хрватска.

Таа во главната фаза стигна преку квалификациите, ама денеска немаше сила за изненадување против 124 на светот, Леолија Жанжан од Франција. Двата сета донесоа израмнета борба, решаваа нијанси кои беа на страната на Французинката која славеше со 6-4 и 6-4.

Лина Ѓорчевска за настапот во овој дел од турнирот ќе освои шест поени.