петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лина Ѓорческа ја освои титулата во Сплит

Лина Ѓорческа ја освои титулата во Сплит

Лина Ѓорческа на одличен начин ја претставува нашата земја, а денеска успеа да се закити и со својот 13-ти трофеј во кариерата.

Ѓорческа оваа седмица играше на турнирот во Сплит во игра на двојки заедно со Вероника Ерјавец од Словенија, тандем кој денеска немаше никакви проблеми во финалето во Сплит.

Во меч во кој траеше само 63 минути, Ѓорческа и Ерјавец ги надиграа Радишиќ и Вурт со 6:1 и 6:4, што значеше дека Лина го крши мразот во 2023-та година и ја освојува првата титула.

Во машка конкуренција, свој меч во двојки во Хрватска имаше и Калин Ивановски, но најдобриот наш тенисер за жал не успеа да се пласира во финалето во Дубровник.

Калин и неговиот партнер Лука Миркут беа поразени од првите носители Адам Тејлор од Австралија и Ерик Ваншелбум од Украина, и тоа после тешка со 6:7 и 3:6.