четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лина Ѓорческа ќе се бори за пехарот во двојки на турнирот во Летонија

Лина Ѓорческа ќе се бори за пехарот во двојки на турнирот во Летонија

Најдобрата женска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе има можност да дојде до вториот пехар во двојки во оваа 2023 година и тоа на фјучерсот што се игра во Лиепаја, Летонија.

Ѓорческа и нејзината колешка Чагла Бујукакчај имаат одличен турнир, па откако ги суредија првите носителки денеска им пресудија и на третите фаворитки Џеси Ејнеј и Елена Малигина со 2-1 во сетови.

Скоро еден ипол час траеше борбата меѓу македонско-турската комбинација и противничките од САД и Естонија, а балканките се покажаа како поуспешни со 6-3 3-6 10-6.

Последна пречка за Лина и Чагла до титулата се домашните тенисерки Дарја Семенистаја и Даниела Вајсман. Ова е турнир што се игра на земјена подлога за вредност од 60.000 долари.