вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лина Ѓорческа поразена во финалето во Куршумлиска Бања

Лина Ѓорческа поразена во финалето во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до титулата на ИТФ фјучрс турнирот во српска Куршумлиска Бања откако загуби во финалниот меч.

Тетовчанката во финалето на турнирот вреден 25.000 американски долари загуби од Русинката Јулија Андеева со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-4.

И покрај поразот во финалето поради одлично одиграниот турнир Ѓорческа која во моментов е на 260. место на ВТА листата се очекува да има напредок на новото рангирање кое ќе биде утре.