четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на турнирот во Казахстан

Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на турнирот во Казахстан

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска успеа да се пласира во четвртфиналето на турнирот од серијата W40, кој се игра во главниот град на Казахстан, Астана.

Младата тетовчанка успеа да слави во мечот против Русинката Ирина Шиманович која е на 228. место на ВТА листата со 2-0 (7-5, 6-1).

Ѓорческа го доби мечот во три сетови, првиот беше најинтересен и неизвесен, но сепак, Македонката успеа да го освои со 7-5, додека во вториот доминираше руската тенисерка и го доби со убедливи 6-1.

Следен предизвик за Ѓорческа ќе биде меч за пласман во полуфиналето, а за противник ќе има исто така претставничка од Русија, Анастасија Тихонова, која е на 179. место на ВТА листата.