недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лина Ѓорческа запрена во четвртфиналето во Астана

Лина Ѓорческа запрена во четвртфиналето во Астана

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да избори место во полуфиналето на силниот фјучерс што се игра во Астана (Казахстан).

Ѓорческа за противник ја имаше Анастасија Тихонова која покажа повеќе на теренот број еден и со 2-0 во сетови се пласираше во наредната фаза.

Првито сет и припадна на Русинката со 6-3, а во вториот имаше поголема борба, борба која траеше 48 минути и која заврши со 7-5.

Со ова Анастасија закажа меч со сонародничката Дарија Астахова. Овој турнир се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 американски долари.