Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто кфалификациско коло за да се пласира во главната ждрепка на гренслем турнирот УС Опен.
Во штотуку завршениот меч, нашата Лина загуби од хрватската тенисерка Јана Фет со 2:1 во сетови. Првиот сет и припадна на Хрватката со 6:3, на што нашата Ѓорческа возврати со 6:2 во вториот сет.
Сепак, во одлучувачкиот трет сет, Ѓорческа загуби со 6:3 и нејзиниот сон за пласман на гренслем турнирот заврши тука.
Клучниот момент во третиот сет се случи при резултат 2:2, кога при свој сервис и водство од 40:0, Ѓорческа загуби пет поени по ред и дозволи брејк.
До крајот на сетот, Фет направи уште еден брејк за победа од 6:3.