Тенискиот сојуз на Соединетите Американски Држави (УСТА) и челниците на АТП и ВТА ја потврдија информацијата дека претстојниот УС Опен ќе помине без линиски судии на терените.
Како што е соопштено, „соколовото око“ ќе биде користено на Грен слем турнирот, како и на останатите настани на американско тло, во пресрет на спектаклот во Њујорк.
Користењето на техноллогијата ќе донесе и заштеда. Минатата година беа заштедени над 300.000 долари на два турнири во Сoединетите Американски Држави. УС Опен се очекува да започне на 30 август, а ќе заврши со машкото финале на 12 септември.