вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Љафтов: Подготвени сме, ако ја победи Финска гарантирам осминафинале

Љафтов: Подготвени сме, ако ја победи Финска гарантирам осминафинале

Македонската машка одбојкарска репрезентација во Финска ќе го има вториот настап на европските првенства.

Пред поаѓањето нашиот репрезентативец Александар Љафтов, најави дека оваа Македонија може да игра со сите.

„Нормално ќе постои трема, бидејќи ние не сме селекција која константно е на големите натпреварувања. Атмосфератаво тимот е на високо ниво, тоа не краси како репрезентација. Подготвени сме, имаме таков менталитет, првите натпревари секогаш ги играме во грч. Финска на првото ЕП ни беше ривал што требаше да го добиеме,  ама изгубивме со 3-1, се надевам дека сега ќе тргнеме подобро, дека  научивме од грешките и ќе победиме. Ако успееме да ја победиме Финска,гарантирам дека ќе одиме во осминафиналето“ – изјави Љафтов.

Шампионатот на Европа за одбојкари стартува на 1.септември.