Славниот боксер Флојд Мејведер ќе одржи нова борба на локација која го одзема здивот, а на неа ќе присуствуваат само 20 гледачи кои ќе имаат доволно среќа и пари да обезбедат билет.
Спектаклот во Дубаи е закажан за 14 мај, а ривалите Флојд Маведер и Дон Мур ќе се борат во рамките на Global Titan Fight серијата.
Локацијата е хелиодромот на врвот на хотелот Бурџ Ал Араб во Дубаи, каде што ќе можат да присуствуваат само 20 гледачи.
Звучи неверојатно што еден од тие 20 билети чини 150.000 фунти или околу 180.000 евра. Уште поинтересно е што може да се купат само преку дигитални валути, а половина од нив се веќе продадени.
Приходот од 3 милиони фунти е загарантиран, а настанот ќе се прикажува преку системот pay-per-view за 18 евра.
Next month Floyd Mayweather will be boxing on a helipad in Dubai 😳 pic.twitter.com/Tgh2ZNMVne
— 2Cool2Blog (@2cooI2blog) April 19, 2022
Противник на Мејведер е неговиот поранешен спаринг партнер и добар пријател. Дон Мур (42) боксуваше професионално од 1999 до 2016 година со сооднос 18-0-1 (12 со нокаут).
Од друга страна, последниот натпревар на Мејведер беше исто така егзибициски, а тоа е борбата против јутјуберот Џејк Пол, што се одржа минатиот јуни.