среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лопез ја игра последната година од својата кариера

Лопез ја игра последната година од својата кариера

Шпанецот Фелисијано Лопез планира да се повлече од спортот во 2023 година, објави „We Are Tennis“.

Четириесет и едногодишниот шпански тенисер игра професионално од 1997 година. Има седум титули на АТП турнирите во сингл и шест во двојки, вклучувајќи го и Ролан Гарос – 2016 година.

Сега не е во топ 500 во сингл, но е на 72-то место на АТП-листата во двојки. Во 2022 година ја освои титулата во Акапулко заедно со Стефанос Циципас.

Од 2019 година Лопез е директор на Мастерсот во Мадрид.  (МИА)