вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Лош старт на ЕП: Одбојкарите имаа сила само за еден сет!

Лош старт на ЕП: Одбојкарите имаа сила само за еден сет!

Македонската одбојкарска репрезентација го почна настапот на Европското првенство (ЕП) со пораз во четири сета од Финска (20-25, 15-25, 26-24 и 22-25), иако нашите одбојкари беа борбени во последните два сета од натпреварот.

Македонските одбојкари го покажаа својот квалитет на стартот на првиот сет и ја искористија лошата одбрана на Финците за водство од 10-6, меѓутоа нашиот противник се разбуди и со четири поени по ред израмни на 10-10. Македонија не се даваше до 16-16, но потоа влезе во серија грешки во завршницата, кои знаеше да ги користи Финска и на крајот го доби сетот со 25-20.

Македонија го почна и вториот сет на многу добар начин и создаде водство од 6-3, но Финска повторно со серија од 4-0 стигна до пресврт (7-6). Во продолжение следеше лоша игра на нашите одбојкари, која предвреме го реши сетот бидејќи Финска постојано го зголемуваше водството и стигна до 25-15.

Финска ја имаше контролата на третиот сет и водство од три поени (6-3), иако Македонија на моменти блескаше на теренот и се доближуваше на еден поен негатива (11-12), по што првото израмнување следеше при 17-17. Македонија потоа и го презема водството (18-17), но Финците се разбудија и проработе нивниот блок, кој ги донесе на 20-18. Возбудувањата продолжија и во финишот, а македонските одбојкари не се предаваа и го добијат сетот со 26-24.

Голема борба се водеше и во четвртиот сет од мечот, а Македонија по водството од 5-4 влезе во криза, која скапо ги чинеше македонските одбојкари бидејќи Финска набрзо избега на пет гола разлика (14-9), но следеше нов блесок на македонската репрезентација и израмнување на 14-14. Во финишот продолжија возбудувањата и нашите одбојкари стигнаа до еден поен негатива (22-23), но немаа сила за целосен пресврт, па Финска го доби сетот со 25-22.