понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Маестрален финиш на Погачар, жолтата маичка за Вингегор

Маестрален финиш на Погачар, жолтата маичка за Вингегор

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар од тимот на Емирати на маестрален начин победи на шестата етапа од годинашниов Тур де Франс, којa се возеше од Тарб до Кортре, долга 145 км.

Сепак, бранителот на титулата од лани, Данецот Јонас Вингегор од Џамбо-Висма, ја презеде жолтата маичка од Австралиецот Џаи Хиндли.

Погачар ја оствари својата 10-та етапна победа на најпрестижната трка во светот и стана четвртиот најмлад велосипедист што ја достигнал оваа бројка.

Пред него тоа им успеало само на Французите Франсоа Фабеи Бернард Ино и на Британецот Марк Кевендиш. Словенецот ја мина тешката ридска делница на Пиринеите за три часа, 54 минути и 27 секунди, односно имаше 24 секунди предност пред Вингегор, додека трет беше Норвежанецот Тобијас Халанд Јоханесен, со задоцнување од една минута и 22 секунди.