Легендарниот боксер Мајк Тајсон се враќа повторно во рингот. Откако на крајот на ноември минатата година направи егзибициски натпревар со Рој Џонс, кој заврши нерешено, Тајсон нема намера да застане и сака да биде повторно во рингот.
„Кон крајот на мај, повторно се борам, 29-ти или 31-ви, во истиот ринг каде што последен пат се борев“, кажа Тајсон во подкастот на мексиканскиот шампион, Канело Алварез.
Тајсон со ваквата најава ги израдува фановите на боксот, па сега останува да видиме кој ќе биде неговиот противник.
Во последните месеци се споменува нов дуел со легендарниот Евандер Холифилд, но сè уште ништо не е официјално потврдено.