вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонецот Матео Причков е светски првак во карате

Македонецот Матео Причков е светски првак во карате

Петнаесетгодишниот Матео Причков денеска го освои првото место во категоријата кати, за кадети на возраст меѓу 14 и 17 години, на деветтото Шотокан Светско првенство што годинава се одржува во Истанбул.

Ова е трето светско првенство за Матео. Тој два пати беше трет, а годинава се искачи највисоко на пиедесталот. Со медали се закитил и на европско и на балканско првенство.

Матео е член на карате клубот „Јошитака“ од Скопје каде седум години тренира под раководство на Шихан Живко Тасевски.