петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонецот Гого во Мајами вечерва ќе се бори за светска титула

Македонецот Гого во Мајами вечерва ќе се бори за светска титула
Фото: gogo_braveheart

Maкедонецот Гого Славевски (28 години) вечерва ќе се бори за светска титула во бокс со голи раце.

Славевски се натпреварува во БКФЦ категорија и негов противник ќе биде Американецот Џејк Линдси. Ова е пресметка на двајца непоразени борци во ова натпреварување, Славевски е со скор од 5:0, додека неговиот противник има една победа помалку.

Борбата ќе се одржи во Мајами каде што е и базата на момчето кое има потекло од Ѓорче Петров, се очекува да има голема поддршка и од македонската заедница. Настанот на кој ќе има и други осум борби започнува во два часот по полноќ.