Македонскиот каратист Емил Павлов успеа да слави во финалето на силната Премиерлига во Москва, откако беше подобар со 3-1 од Ерај Самдан од Турција.
Во полуфиналето ги совлада и актуелниот светски шампион Крешенцо од Италија со 1-0, во четвртфиналето поранешниот светски првак Бросе од Бразил со 2-0, во осминафиналето шампионот на европските игри во Минск Калнинс од Летонија со 5-3.
Импресивно е тоа што на патот до големиот успех македонскиот претставник успеа да запише пет победи, меѓу кои и две против двајца светски шампиони, а притоа се бореше и со скршеница на раката.
За потсетување, резултатите во Премиерлигата за карате се бодуваат за настапот на Летните Олимписки Игри во Токио следната година.