четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија на ЕП во пливање со два претставника

Македонија на ЕП во пливање со два претставника

Во Будимпешта започна Европското првенство во пливачки спортови. Македонија има два претставници кои веќе се појавија во квалификационите трки.

Филип Деркоски на 400 метри слободно низ целта мина со време од 4:04.10 минути, што е постигнување за скоро три секунди побрзо од неговото пријавено време. Деркоски финално се класифицираше на 46-тото од вкупно педесет пливачи.

Миа Блажевска Еминова исплива 26.64 секунди на 50 метри грбно, што е за шест стотинки послабо од пријавеното време. Младата скопјанка на крајот заврши на 51 од вкупно 62 натпреварувачки. Филип и Миа ќе пливаат во уште неколку дисциплини во кои се пријавени до крајот на неделата.