понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија само втора на традиционаилниот турнир „Чајка“

Македонија само втора на традиционаилниот турнир „Чајка“

Македонската одбојкарска репрезентација загуби вечерва од Словачка со 1-3 во сетови на вториот меч од 45-от традиционален турнир „Чајка“, како последна подготовка пред настапот на Европското првенство од 1 до 8 септември во Тампере.

Словачка го освои годишениот турнир „Чајка“ и тоа само поради неразбирливиот и несфатлив пад во играта во третиот сет, кога Македонија дојде на огромни плус осум (17-9) и потоа успеаа да го загубат сетот. Словаците го добија со 25-22, а прво ја стопија огромната предност до израмнување 20-20 со серијата 11-3, а потоа со новата серија од 3-0 исчекорија кон освојување на истиот, кој го прекрши мечот.

Македонија уште во првиот сет покажа дека има многу проблеми кои ќе треба да се исправат за настапот на ЕП, па Словачка многу убедливо го доби со 25-17, по што се вративме во мечот освојувајќи го вториот сет со 25-21, а откако неочекувано при големата предност го загубивме третиот, во последниот, Македонија бркаше негатива од почеток до три разлика, успеа да дојде во егал со 13-13, ама потоа набрзина Словаците направија серија до 21-16 и си го обезбедија триумфот.

Македонија во првиот меч ја победи Црна Гора на овој турнир, а загуби двапати од европскиот првак Србија во контролните мечеви во Белград.

Одбојкарите на 28 август заминуваат за Тампере, а на 1 септември веќе го играат првиот меч на ЕП против домаќинот Финска.