четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија со осум натпреварувачи на ЛОИ во Токио

Македонија со осум натпреварувачи на ЛОИ во Токио

Македонската експедиција на Летните олимписки игри во Токио ќе брои 8 натпреварувачи. Ова е конечната листа на наши репрезентативци кои ќе настап на игрите во Јапонија кои ќе се одржат од 23 Јули – 8 Август 2021 година.

1. Блажевска Еминова Миа – пливање 100 м.

2. Бранковски Борјан – спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол

3. Георгиевски Дејан – таеквондо – +80 кгр

4. Деркоски Филип – пливање 400 м.

5. Јованоска Пулексенија – карате – Ката

6. Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил – 97 кгр

7. Реџепи Арбреша – џудо – 52 кгр

8. Стојоски Јован – атлетика 400 м.

Првата група спортисти, членови на Олимписката делегација на МОК ќе заминат за Токио на 16 Јули 2021 година (Скопје – Виена – Токио).

Први од македонските спортисти ќе настапат Филип Деркоски (пливање – 400 м.) и Борјан Бранковски, спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол кои на Олимписките игри ќе настапат на 24 јули.

Арбреша Реџепи (џудо – 52 кгр) ќе настапи на 25 Јули, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во нејзината категорија.

Георгиевски Дејан, (таеквондо) во категоријата +80 кгр ќе настапи на 27 Јули, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во неговата категорија.

Миа Блажевска Еминова ќе настапи на трката на 100 м. (пливање) на 28 Јули.

Јованоска Пулексенија (карате, кати) ќе настапи на 5 Август, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал.

Стојоски Јован (атлетика) во трката на 400 м. ќе настапи на 1 Август, а финалето на оваа трка е на 2 Август 2021 година.

Последен на Олимписките игри ТОКИО 2020 ќе настапи Нуров Магомедгаджи (борење слободен стил, 97 кгр.). Неговите борби во осмина финалето започнуват на 6 Август, а следниот ден ќе се одржат и борбите за медал во оваа категорија.

Шеф на македонската олимписка делегација на одложените Олимписки игри ТОКИО 2020 ќе биде спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, а во делегацијата одговорен за здравствениот статус на македонските олимпијци ќе биде д-р Небојша Настов.