Македонија ќе настапи со тројца таеквондисти на Светското првенство за сениори кое од утре започнува во Гвадалахара, Мексико.
Предводник на нашиот одбран состав ќе биде олимпискиот вицешампион од Токио, Дејан Георгиевски, а во составот се и Филип Додевски и Мила Рељиќ.
Останува да се надеваме дека нашите репрезентативци ќе не израдуваат со некој медал.