четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија убедливо поразена од фаворитот Холандија

Македонија убедливо поразена од фаворитот Холандија

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево беше убедливо поразена од фаворизираната селекција на Холандија со 3:0 во рамки на групата „Ц“ на Европското првенство од кое еден дел се одржува во Скопје.

„Спартанците“ на овој меч настапија без капитенот, нашиот најдобар играч, Никола Ѓоргиев кој се пожали на повреда на рбетот.

Македонија во првиот сет беше рамноправна се до 14-15 по што ривалот влезе во серија и го освои сетот со 25-19.

Со наши грешки стартуваше и вториот сет, а Холанѓаните сето тоа знаеја како да го казнат. И вториот сет им припадна на „лалињата“ идентично како и првиот, 25-19.

Третиот сет беше рутина за искусните холандски репрезентативци, а македонскиот селектор имаше можност да ги провери способностите на сите одбојкари.

Третиот сет беше загубен со 25-16 и трета победа за Холандија на ЕП, а втор пораз за Македонија по воведните два триумфа против Данска односно Црна Гора.

Најефикасен во нашата селекција Љафтов со 14 поени, по четири имаа Илиев и Савовски, а на спротивната страна 15 запиша Абдел-Азиз.

Последниот петти меч во групата Македонија ќе го игра в среда од 20.00 часот против Чешка.