четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија загуби од Летонија и остана без медал

Македонија загуби од Летонија и остана без медал

Македонската одбојкарска репрезентација денеска загуби од Летонија со 1:3 (20-25, 16-26, 25:23, 26-28) и заврши на 4.место во Сребрената Европска лига. „Црвено-жолтите“ завршија со два пораза на завршниот турнир, на кој домаќин е градот Скопје и СРЦ „Кале“, и останаа без медал.

Откако вчера беа поразени во полуфиналето од Хрватска, иако имаа водство од 2:0 во сетови, денеска одбојкарите го загубија и дуелот за бронзениот медал. Во днешениот меч селекторот на Македонија, Љубомир Травица им даде шанса и на другите одбојкари.

Во дуелот за златниот медал се борат одбојкарите на Белорусија и Хрватска.

МИА