Македонската репрезентација во традиционално карате на 26-ти февруари 2023 ќе учествува на меѓународниот меморијален карате куп “Оливер Томиќ” во Крушевац, Србија.
За Македонија ќе настапат 15 напреварувачи во повеќе натпреварувачки категории и дисциплини. Македонската репрезентација ќе настапи во следниот состав: Камелија Недев, Филип Недев, Мариастела Топалоска, Софија Јарчевска, Матеј Мангаровски, Георги Кокорманов, Марко Илиевски, Максим Поп Трпев, Мила Младеновска, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Ана и Марија Ѓуриќ, Ива Спасеновски и Срна Вапски.
На меѓународниот карате куп ќе учествуваат на 600 натпреварувачи од повеќе земји од Балканот и Европа. Судии од Македонија ќе бидат: Аљоша и Јадранка Недеви, информира Дејан Недев.