Македонската репрезентација во традиционално карате на меѓународниот карате турнир во Крушевац, Србија, кој се одржа на 26 февруари 2023 година освои вкупно 30 медали 14 златни, 10 сребрени и 6 бронзени медали.
Камелија Недев беше најуспешна со освоени 4 златни медали во кати, енбу, ката тим и џиу кумите тим и една бронзена во џиу кумите во категорија деца 10 години. Мила Младеновска во јуниорска конкуренција освои 3 златни медали во кого-кумите, фукуго и ката тим. Филип Недев освои 2 златни, 2 сребрени и една бронзена, Софија Јарчевска освои 2 златни и 3 бронзени медали, Матеј Мангаровски освои 3 златни и една бронзена и Георги Кокорманов освои 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзена.
Исто така и останатите македонски натпреварувачи беа доста успешни, Мариастела Топалоска, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Максим Поп Трпев, Срна Вапски, Ива Спасеновска, Марија и Ана Ѓуриќ и Марко Илиевски освоија повеќе медали во поединечна и екипна конкуренција.
На меѓународниот турнир во Крушевац учествуваа над 600 напреварувачи од 5 држави.