среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонската шаховска федерација домаќин на младинско екипно Балканско првенство

Македонската шаховска федерација домаќин на младинско екипно Балканско првенство

Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) на почетокот на идниот месец ќе биде домаќин на Балканското екипно првенство до 18 години.

Шаховската балканијада ќе се одржи од 8 до 11 декември на Попова Шапка со поддршка на Светската шаховска федерација (ФИДЕ).

Македонскиот селектор Орце Данчевски повика четири шахисти, од кои двајца ФИДЕ мајстори, и една шахистка. Македонската репрезентација на Балканијадата ќе ја претставуваат Емил Ристески (ФМ, 2.371 рејтинг), Андреј Велјановски (ФМ, 2317), Леонид Петрески (2.122), Антон Златков (2.107) и Моника Жежовска (1.654).