Македонската Таеквондо Федерација на 22.10.2019 година во просториите на Хотел Парк во Скопје одржа годишно Собрание на кое се донесоа неколку важни одлуки за развој на македонското олимписко таеквондо во следниот период.
Најнапред претседателот ма МТФ Д-р Борче Костовски истакна дека патот по кој што се движи федерацијата е целосно исправен за тоа најголем доказ се врвните спортски резултати кои се случуваат веќе неколку години по ред и со тоа апсолутно докажуваме дека ништо не е случајност и затоа слободно можеме да истакнеме дека нашата федерација е пример во нашата држава.
Оваа година имаме два медали од Европски Првенства, неколку медали од светски Г1 купови, до крајот на годината имаме шанси за уште врвни резултати.
Исто така претседателот на МТФ истакна дека срдечно се заблагодарува на сите институции кои помагаат на МТФ особено ја потенцираше помошта на медиумите кои пред се ги забележуваат сите наши успеси и со тоа масовно се приклучуваат во поддршка на сето она што го правиме за Република Македонија, со тоа конечно олимпискиот спорт Таеквондо почнува да ја добива заслужената популарност.
Беа донесени три клучни и врвни цели на МТФ за кои до крајот на годинава треба да се изработи целосна стратегија за исполнување на истите.
Се потенцираше веќе постојната стратегија за освојување на норми ОИ Токио 2020, планот се реализира квалитетно до овој момент.
Следни цели:
Остварување на олимписки норми за ОИ Париз 2024.
Остварување на врвни спортски резултати на СП, ЕП, и Г1 турнири.
Развој на младинските категории во МТФ.
МТФ донесе правилник за бодување за натпреварувачките 2019/2020 година и 2020/2021 година за домашни и меѓународни турнири, за истиот се отвори широка и долга дискусија од сите присутни и на тој начин се изнајде најдоброто решение.
МТФ донесе шема со датуми и организатори за турнирски систем и државни првенства за 2020 година, истата ќе биде истакната за скоро.
На собранието беше гостин Филип Додевски носител на два европски медали во 2019 година.
Македонската Таеквондо Федерација продолжува со интензивна работа и посветеност да цели на врвни спортски постигнувања во нашиот убав олимписки спорт Таеквондо.