петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонската таеквондо репрезентација се искапе на -10 степени и 2000 метри надморска височина

Македонската таеквондо репрезентација се искапе на -10 степени и 2000 метри надморска височина

Момците од Македонската таеквондо репрезентација се искапеа на -10 степени Целзиусови  и на 2000 метри надморска височина, по повод денешниот празник Водици.

Тие влегоа во езерото Белмекен на врвот на Рила планина.

Репрезентацијата под водство на тренерите Дарко и Борче Костовски е веќе 20 дена на висински подготовки во врвната олимписка база Белмекен во Бугарија.

Фокусот на македонскиот национален тим во олимписко таеквондо е квалификациониот турнир во Милано на 17-ти април, каде шро че се печалат олимписки норми за Токио 2020.

До тогаш, македонските спортисти ќе имаат неколку меѓународни турнири за проверка на својата форма.

Да потсетиме дека олимпиското таеквондо во Македонија, согласно претходните резултати има реални шанси за обезбедување на историски норми за олимписките игри во Токио.