среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонски судија ќе ја дели правдата на европското финале во одбојка кое се одржува во Скопје

Македонски судија ќе ја дели правдата на европското финале во одбојка кое се одржува во Скопје

Македонија ќе има најдиректен претставник во финалето на Европското првенство за одбојкарки до 19 години.

Нашиот меѓународен судија Јосип Христов ќе биде втор арбитар во натпреварот за златниот медал меѓу Србија и Италија, денеска од 19 и 30 во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Двете репрезентации го одбранија максималниот биланс на шампионатот и во вчерашните полуфинални пресметки беа доминантни против ривалките.

Србија се радуваше над Полска со 3:0, исто како Италија против Холандија.

Македонија е домаќин на Европското првенство кое се одржуваше од 27 август до 4 септември во Скопје во спортските центри „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“. На ЕП учествуваат 12 репрезентации, меѓу кои и македонската.