понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонскиот скијач Виктор Петков освои второ место на меѓународно првенство во Србија

Македонскиот скијач Виктор Петков освои второ место на меѓународно првенство во Србија

Mакедонскиот скијач, Виктор Петков, имаше одличен настап на Државното првенство на Србија, каде што учествуваа скујачи од седум држави.

Петков го освои второто место во дисциплината велеслалом, како и четврто и петто место во двете слалом трки.

23-годишнит Петков, кој е член на ски клубот „Сноу спорт“ од Гостивар, ја потврди одличната форма оваа скијачка сезона, којашто е во својот финиш.

До крајот на сезоната има уште неколку трки, на кои Виктор се надева на добри резултати и продолжување на добрата форма.