петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонскиот тенисер Ивановски ќе се бори за четвртфинале на турнирот во Израел

Македонскиот тенисер Ивановски ќе се бори за четвртфинале на турнирот во Израел

Mакедонскиот тенисер Калин Ивановски денеска го започна настапот на турнирот во Ерусалим, Израел.

Нашиот натпреварувач со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:3 го елиминираше домашниот тенисер Бен Веинтрауб.

Ивановски, кој е седми носител на турнирот, во осминафиналето ќе игра уште еден Израелец, Ејал Шиовиц.

Шиовиц на стартот беше подобар од својот сонародник Ори Барон со 2:0 во сетови 6:4 и 6:2.

Доколку се пласира во четвртфиналето, таму Македонецот ќе игра против Шај Бар Менахем (Израел) или четвртиот носител Даниел Цукиерман (Израел).