среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мадрид

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мадрид

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски продолжува со одличните настапи, сега реди победи на турнирот во Мадрид, откако во осминафиналето го совлада шпанскиот тенисер Молино.

Ивановски за еден час и десет минути со 2-0 во сетови го победи шпанскиот тенисер Молино и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мадрид.

Ивановски релативно лесно го совлада противникот, првиот сет го доби со 6-4, а во вториот беше подобар со 6-2.

Македонецот денеска има уште една задача во Мадрид, од 12 часот настапува и на турнирот во двојки, ќе се бори за пласман во полуфинале.