Македонски тенисер, Калин Ивановски го совлада Мексиканецот Рубио Фиерос и се пласираше во полуфиналето на фјучрсот во Мадрид.
Имено, Ивановски во два сета и со само пет загубени гејма го победи противникот Фиерос, односно со 6-4 и 6-1 во сетови.
Во полуфиналето Ивановски ќе игра против Сидан Понтјодикромо од Холандија.