четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Mакедонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да избори пласман на главниот турнир на Челинџерот

Mакедонскиот  тенисер Калин Ивановски успеа да избори пласман на главниот турнир на Челинџерот

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да избори пласман на главниот турнир на Челинџерот од серијата 125 што се игра во Братислава.

Ивановски попладнево во финалните квалификации го совлада победникот на годинашново издание на „Macedonian Open“, Унгарецот Мате Валкуж со 2-0 во сетови (6-3, 7-5) за 87 минути игра.

До триумфот Ивановски стигна благодарение на искористените брејк шанси во мечот 3/6 за разлика од ривалот, кој имаше 1/4, а притоа Ивановски имаше и седум ас сервиси.

Во првото коло од главниот турнир Ивановски ќе игра против искусниот 34-годишен Германец Петер Гојовчик, кој во финалните квалификации беше поуспешен од Акира Сантилан од Австралија со 2-0.

Утрешниот противник на Ивановски триумфираше на турнирот во Братислава во 2014 година.