среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонските девојчиња Илина и Ева повторно постигнаа успех во Германија

Македонските девојчиња Илина и Ева повторно постигнаа успех во Германија

Македонските девојчиња Илина(15) и Ева(12) Соколовски повторно постигнаа успех во Германија.

Македонските сонца се пласираа во финале и сега Илина е меѓу 20те, а Ева меѓу 16те најдобри ритмички гимнастичарки во државата, секоја во својата категорија.

На последниот републички натпревар, кој се одржи во Боркен, во близина на холандската граница, Илина го освои бронзениот медал, додека Ева, поради повредите, заврши на шестото место, а победничките од овој натпревар, односно најдобрите 10 девојчиња, влегоа во финале, кое ќе се одржи на 11 и 12 јуни и со овој натпревар завршува сезоната на ритмичка гимнастика.

Илина го освои третото, додека Ева шестото. Ева тоа го постигна и покрај повредите на нозете, со крвави нозе од напорните тренинзи. Малку и недостасуваше до второто место.

Со пофалби за сестрите Соколовски се пишува и во германските медиуми. Тие за Илина пишуваат дека е силна, самоуверена и сигурна во кореографиите. Овие пофалби дополнително добиваат на тежина ако се знае фактот дека во групата каде се натпреварува Илина таа е најмлада од сите, бидејќи има натпреварувачки и до 30 годишна возраст.

Илина и Ева бидејќи влегоа во финале, ќе се натпреваруваат идниот месец во градот Дан, кој се наоѓа на феанцуската граница.

Освен во регулатните натпревари Илина е и дел од Бундес лигата, која ќе почне во септември и кои натпреварувања се посебни од републичките што Илина и Ева досега ги поминаа и се закитија со медали.